Како да порачате од нашите производи?

 

Испорака на производите се врши секој вторник и четврток преку Карго Експрес. Во случај на празник, испораката се врши наредниот работен ден после празникот. 

Стандардно доставата е до просториите на Карго Експрес, во колку сакате достава до дома, ве молиме нагласете го тоа во порачката. Карго Експрес наплаќа дополнително за пратки за кои се врши достава до дома. 

Пратките се испраќаат со откупнина. На вкупната цена се додаваат и трошоците за достава и откупнина, а колкави се тие трошоци зависи од големината и тежината на пратката, како и од тоа дали доставата на пратката е до просториите на Карго Експрес или до дома. 

Ние не наплаќаме никакви дополнителни трошоци (на пример трошоци за пакување, носење до Карго и слично), освен цената на производот или вкупната цена ако се повеќе производи. 

Порачка на производите се врши на следниот начин

  • Изберете го производот кој сакате да го порачате и запишете го неговиот број (секој производ има уникатен број составен од букви и бројки. 
  • Испратете ни го бројот на производот (или производите, ако порачувате повеќе од еден) и количината која сакате да ја нарачате за секој производ. Тоа може да го направите преку формата во контакт страницата на сајтот, преку емаил, преку смс порака или преку директна порачка по телефон.
  • Освен овие податоци, потребно е да ни испратите име и презиме, град, телефон и адреса (до колку сакате пратката да ви биде испорачана до дома), како и начинот на кој сакате да бидете контактирани (по емаил, по смс, по телефон, …) и времето во кое најмногу ви одговара да ве контактираме. 
  • По приемот на порачката ние ќе ве контактираме на предложениот начин да ја потврдиме порачката и да ве известиме за цената. 
  • Ако производот кој е порачан е на лагер и порачката е извршена најдоцна до понеделник до 12 часот напладне, пратката ќе ви биде испратена во вторник, а ако е порачката направена најдоцна до среда до 12 часот напладне, порачката ќе ви биде испратена во четврток. 
  • За производите кои не се на лагер во моментот, потребно е неколку дена да се направат (гравирање, лакирање, сушење на лакот), изработката трае 3-5 дена, така да испораката на таквите пратки ке биде одложена за тоа време. 
  • Плаќањето се врши при подигање на пратката во Карго Експрес или на врата, при испораката до дома. 

Во колку имате некои прашања во врска со начинот на порачка, плаќањето, производите или било што друго, слободно контактирајте не на начин кој вам ви одговара, ќе ни биде задоволство да ви одговориме. 

Jovan Group